Архуска Фамилија во Р. Македонија
    English
Новости
Архус за почетници
Архус во Р. М
Корисни линкови
Контакт
 
Изработено од Еко Нет
 
 
 
АРХУСКАТА ФАМИЛИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВИ ЧЛЕНОВИ
Во рамки на проектот "Архуска фамилија во Република Македонија", во кој учествуваат Биосфера"-Битола, "Проактива"-Скопје, ЕКО.НЕТ-Скопје, ЕД "Изгрев"-Свети Николе, ЕРИНА-Скопје и ЗГ "Екоенергија"-Кавадарци, според планираните активности се реализира Повикот за приклучување кон Националната НВО коалиција, која ќе работи на поле на имлементација на Архуската конвенција во Република Македонија. Сите еколошки НВОи и оние кои работат на поле на одржлив развој, до 05.07.2004 година, имаа можност преку попонување на Апликација да го изразат својот интерес за приклучување кон оваа Национална НВО коалиција. Повикот и Апликацијата, секако, беа достапни, администрирани и проследени од страна на ЕКО.НЕТ, преку www.eko.net.mk. Според Прегледот, кој го изработија членовите на ЕКО.НЕТ, на Повикот се пријавени дваесет и една невладина организација. Тие ќе се најдат на веќе формираната мејлинг листа со што ќе се прошири кругот за размена на информации кои се однесуваат на имплементација на Архуската конвенција во Република Македонија. Според планираниот тек на активности следува потврдување на заедничикте документи според кои ќе функционира коалицијата, односно утврдување на приоритети, изработка на стратегија и план за работа на коалцијата. Исто така, во тек е креирање на дополнителен дел на веб страната на ЕКО.НЕТ, или www.eko.net.mk, кој ќе се однесува на прашања и информации поврзани со Архуската конвенција, односно www.eko.net.mk/aarhus.
 
ПРВА СРЕДБА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА АРХУСКАТА ФАМИЛИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
На ден 19.06.2004 година (сабота) се одржа првата средба на коалиционите партнери во Битола, во рамки на проектот "Архуската фамилија во Република Македонија". Коалициони партнери се: Биосфера"-Битола (носител на проектот); "Проактива"-Скопје; ЕКО.НЕТ-Скопје; ЕД "Изгрев"-Свети Николе; ЕРИНА-Скопје и ЗГ "Екоенергија"-Кавадарци. Целта на оваа иницијатива е да се обезбеди пристап до информации за животната средина преку креирање на механизми за трансфер на информациите со користење на интернетот и електронските алатки, како и да се иницира и развива ефикасност на произведените информации преку активности за подигање на јавната свест и истакнување на значењето на имплементацијата на Архуската конвенција. Главните активности на проектот се однесуваат на: Формирање на национална НВО коалиција, која ќе работи на поле на имплементација на Архуската конвенција во Република Македонија; Иницирање на процес на координација со претставниците на власта за прашања кои се однесуваат на конвенцијата, и посебно за пристапот до информации и користењето на информативната и комуникациска технологија; Креирање механизми за употреба на информативната и комуникациска технологија во имплементација на конвенцијата; Интегрирање на активностите и размена на информации и слични искуства со мрежите од ЦИЕ и Реализирање активности за кревање на јавната свест за значењето и улогата на имплементацијата на Архуската конвенција. На оваа, прва средба на коалиционите партнери беше презентирана содржината на проектот и очекуваните резултати. Исто така, беа разгледани Кодексот на однесување за вклучените партнери во проектот и Платформата за формирање на коалицијата на Архуската фамилија во Република Македонија. Врз основа на овие документи ќе се работат и останатите стратешки документи на Коалицијата, како утврдување на приоритети, изработка на стратегија и план за работа на коалцијата. Сите заинтересирани НВОи кои работат на поле на животна средина и одржлив развој на веб порталот на ЕКО.НЕТ ќе можат да ги изразат својот интерес за приклучување кон коалицијата.
 
СЕМИНАР ЗА “ИНФОРМАТИВНА И КОМУНИКАЦИСКА ТЕХНОЛОГИЈА И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕКОЛОШКАТА ЛЕГИСЛАТИВА“
СЕМИНАР ЗА “ИНФОРМАТИВНА И КОМУНИКАЦИСКА ТЕХНОЛОГИЈА И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕКОЛОШКАТА ЛЕГИСЛАТИВА“ Во рамки на проектот “ICT (Information and Communication Technology) и имплементација на Архуската Конвенција“, Milieuконтакт Оост-Еuropa, независна холандска фондација, во соработка со Новинарско правниот еколошки центар ЕРИНА, од Македонија, и BlueLink информативната мрежа од Бугарија, организираа семинар на тема “ICT и имплементација на еколошката легислатива“. Семинарот се одржа во Струга, од 16 до 18 Април, 2004 година. Учествуваа претставници од организации кои активно работат на полето на еколошки електронски мрежи, еколошко правно советување, експертиза во однос на еколошката легислатива за Архуската Конвенција, и тоа од следниве земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Македонија, Молдова, Србија и Црна Гора и Украина. Од Македонија присуствуваа претставници од Центарот за електронска комуникација ЕКО.НЕТ-Скопје, ЗГ “Екоенергија“-Кавадарци, ЕД “Изгрев“-Свети Николе, ПРОАКТИВА-Скопје, Центар за едукација и заштита на животна средина и природа “Биосфера“-Битола и Македонска Информативна Агенција-Скопје. Главните цели на семинарот се однесуваат на поддршка на НВОи за развој на капацитетите за користење на интернетот како алатка за подобрување на пристапот до информации и изнаоѓање на конкретни начини за обезбедување на подобри услови за интернет пристап во регионот. Учесниците на семинарот имаа можност да се запознаат со темелите на Архуската Конвенција, со резултатите од спроведеното истражување во Ноември-Декември, 2003 година, за тоа како одредени земји ја спроведуваат Архуската Конвенција, меѓусебно да разменат искуства и добри практики во имплементација на Архуската Конвенција и користењето на електронските алатки. Посебен акцент имаше дискусијата за моменталната ситуација во односните земји и дисеминацијата на еколошки информации преку ICT. Исто така, се предложија конкретни начини и стратегии како да се вклучат властите во креирањето на подобар пристап до информации за животната средина. Секоја од земјите креира Акционен план за период Мај-Септември, 2004 година. Македонскиот Тим креираше Акционен План чија цел е да се зголеми знаењето за Архуската Конвенција, нејзиното значење и придобивки, преку национално вмрежување на еколошките НВОи, односно преку воспоставување на Национална Коалиција на НВОи за имплементација на Архуската Конвенција. Сите заинтересирани организации и поединци се добредојдени да се приклучат во креирањето на македонската национална мрежа и да придонесат во промовирање на електронската комуникација и заштитата на животната средина и природата.
 
 
 
 
Архуска Фамилија во Р. Македонија 2004 година