Еко.Нет е стартна точка за сите кои бараат информации и податоци од сферата на животната средина. Целта е Еко.Нет да стане Ваш сајт, на кој ке може како да прочитате така и да објавите Ваши сопствени вести, информации или мислења. Вашите коментари, прашања и предлози во врска со новиот сајт кажете ни ги на новата дискусија (кликнете тука) или испраќајте ги на e-mail: contact@eko.net.mk
Programata za razvoj na Obedinetite Nacii objavuva oglas za vrabotuvanje na Programski sorabotnik.
Kraen rok za apliciranje e 13 januari, 2010 godina.
Повеќе
ПОВИК ЗА НВОии
Проектот „Техничката поддршка на граѓанските организации“- TACSO- организира Регионална пилот обука за генерирање на фондови од Европската Унија. Обуката ќе се одржи во период од 2 до 3 февруари, 2010 година во Истамбул- Турција.
Краен рок за аплицирање е 14 јануари, 2010 година.
ПОВИК кликни тука Апликација кликни тука
Мерки против енергетската сиромаштија и климатски промени Како Македонија да се справи со последиците од климатските промени и кои мерки и решенија конкретно се реализираат во сферата на зголемување на енергетската ефикасност...
CALL FOR PROPOSALS The UNDP-HOT SPOTS Project is seeking to encourage NGOS and civil society organizations registered in the country to develop and implement a series of public awareness activities that would include a strong education and capacity building component…
Ова е мотото на акцијата по големите пожари што минатото лето ги зафатија македонските шуми. Акцијата е иницирана од група граѓани, на чело со оперскиот пејач Борис Трајанов. Во рамки на оваа големата акција под мото „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“, на 12 март 2008 год. ширум земјата ќе бидат засадени над 2 000 000 садници. Бројката на садници го симболизира вкупното население во Македонија . Повеќе
На 22-24 ноември 2007 година во х. Макпетрол Струга, се одржа 6-та Годишна средба на здруженија на граѓаникои работат на полето на животна средина и одржлив развој. Темата на оваа годишна средба беше „Лобирање и застапување во областа на животната средина и одржливиот развој“. Оваа средба е во организација на Македонски зелен центар од Скопје и Центарот за локален развој, со финансиска поддршка од Британската Амбасада во Скопје, УНДП како долгогодишен поддржувач на овие средби и ГЕФ Програмата за мали грантови. Како поддржувачи на овогодинешната средба се исто така Министерство за животна средина и просторно планирање, Секретаријатот за Европски прашања при Владата на Република Македонија, Милиеуконтакт Интернатионал и организациите членки на Македонскиот зелен центар (Биосфера, Еко.Нет, Еко-Свест, ИО Крсте Јон, Коцка и Проактива). . Повеќе
На 26 октомври 2007 година во Собранието на Република Македонија се одржа првиот иницијативен работен состанок за формирање и промовирање на “Парламентарната зелена лоби група“. На состанокот присуствуваа 13 Пратеници - членови на лоби групата, кои доаѓаат од различни политички партии во Парламентот, меѓу кои присутни беа: Даневски Томе, Димеска Катерина, Димовски Илија, Додовски Марјан, Витанов Зоран, Зашов Благој, Митановски Веле, Петрески Зоран, Поповска Лилјана, Положани Азис, Рамадани Агим, Серафимов Влатко и Топузовска-Каровска Роза. Повеќе
Во рамки на проектот Живеј зелено, кој го реализира Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар, а во партнерство со Центарот за електронска комуникација еко.НеТ, во наредните 12 месеци ќе се организираат 5 дебати на тема: „Неконтролиран урбан развој„ Дебатите ќе се организираат во форма на јавни дискусии на кои ќе биде презентирана законската регулатива, надлежностите на локалната власт, но и формите за учество на граѓаните во креирањето на локалните политики во сферата на урбанизмот. На дебатите ќе бидат присутни претставници од одделенијата за урбанизам на општините, месните заедници, јавни претпријатија од комуналната област, инвеститори, невладини организации и заинтересирани граѓани. Повеќе
Сними го документот
Ги повикуваме сите здруженија на граѓани и сите граѓани кои се против проширувањето на нуклеарната индустрија на Балканот, како сериозна пречка за одржливиот развој и безбедноста на регионот, да ја поддржат оваа иницијатива и заедно да се здружиме во заеднички став против вклучувањето на Македонија во изградбата на новата нуклеарна централа, Белене во Бугарија. Повеќе