Започнете го денот со еко.Нет   За еко.Нет Контакт Помош Правила и прописи English
Мој еко.Нет Адресар Календар Линкови
Мој еко.Нет Адресар Календар Линкови
  Вести
  Стории и колумни
  Интервјуа
  Библиотека
  Законодавство
  Дискусии
НАШИ ПРИЈАТЕЛИ
 
ПОДРЖАНО ОД
Milieukontakt OOST- EUROPA
Регионален центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа (REC)
 
ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА
УСЛУГИТЕ НА ВЕБ ПОРТАЛОТ WWW.EKO.NET.MK


ПРИСТАП ДО МЕЈЛИНГ ЛИСТАТА НА ЕКО НЕТ

1. Сите заинтересирани НВОи кои работат на полето на заштита и унапредување на животната средина; заинтересирани граѓани и институции, можат да се приклучат на мејлинг листата која функционира на адресата: ekovesti@eko.net.mk.

2. Сите заинтересирани НВОи кои работат на полето на заштита и унапредување на животната средина ; заинтересирани граѓани и институции можат да се регистрираат на веб порталот на ЕКО НЕТ со одобрение на администраторите на ЕКО НЕТ и да внесуваат податоци .

ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ НА МЕЈЛИНГ ЛИСТАТА

1. Сите членови на мејлинг листата можат да праќаат пораки. На листата се праќаат пораки кои се поврзани со прашања од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина.

2. Пораките не смеат да бидат од рекламна комерцијална природа или за прашања кои не се во контекст на работата на ЕКО НЕТ.

3. На листата не смеат да се праќаат пораки со вулгарна содржина.

4. Треба да се води сметка темата (SUBJECT) на пораката да одговара на содржината што се наоѓа во пораката и таа да биде кратка и јасна.

5. Големината на пораката да не биде поголема од 150 kb, поради некои од членовите на листата кои имаат бавен Интернет пристап.

6. Листата не треба да се користи за билатерална комуникација меѓу членовите.

ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ВЕБ ПОРТАЛОТ НА ЕКО НЕТ

1. Сите заинтересирани НВОи кои работат на полето на заштита и унапредување на животната средина, заинтересирани граѓани и институции, можат да се регистрираат на веб порталот на ЕКО НЕТ.

2. Секоја заинтересирана НВО која работи на полето на заштита и унапредување на животната средина, заинтересиран граѓанин или институција може да побара да добие статус на активен корисник и со тоа добива можност да објавува свои информации на веб порталот. Секој активен член носи лична одговорност за содржината што ја објавил.

САНКЦИИ

1. За непочитување на некое правило на Правилникот, ЕКО НЕТ испраќа опомена и/или привремено го оневозможува користењето на ресурсите каде што е прекршено правилото.

2. При повторно кршење на правилата, ЕКО НЕТ го задржува правото на трајно исклучување и оневозможување на користење на ресурсите на оваа мрежа.