За Екосфера

About-us-banner

Опис


Екосфера – еколошка платформа е проект на Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ од Скопје и Центарот за едукација, заштита на животната средина и природата „Биосфера“ од Битола. Проектот е финансиран од Глобалниот еколошки фонд Програма за мали грантови – ГЕФ ПМГ, неколку приватни компании од Македонија, општина Битола како и од сопствени средства на Еко-свест и Биосфера, . Повеќе детали во врска со проектот „Екосфера- еколошка платформа“ може да прочитате во официјалното соопштение за медиуми.

Идеја


Идејата за формирање на ваква платформа произлегува од потребата за подобра организираност, комуникација, соработка и размена на искуства и знаења помеѓу здруженијата на граѓани кои работат на полето на заштита на животната средина.

Цели


Општа цел на платформата е да ги подобри и развие капацитетите на еколошките здруженија за активно учество во консултативните процеси, за адекватно разменување на информации, за следење на влијанијата врз животната средина и еколошките трендови на локално ниво.

Покрај меѓусебната соработка, платформата има цел да ја подобри комуникацијата и соработката со ресорното министерство, медиумите во целост, како и експертската јавност.

Овие цели платформата треба да ги оствари со тоа што на своите корисници ќе им понуди голем број на интерактивни содржини и корисни алатки релевантни во сферата на нивното делување.

Придобивки


Платформата покрај тоа што ќе придонесе за подобра организираност на здруженијата кои делуваат во секторот животна средина, во исто време ќе придонесе и за поголема транспарентност на секторот пред граѓаните на Република Македонија и пошироката јавност. Ова ќе се оствари со информациите кои ќе бидат постојано достапни, со директната комуникација преку форумот кој е дел од платформата, како и со присуството на социјалните медиуми .

Технологии


Платформата е изградена со користење на најновите и најпопуларни технологии во моментот на нејзиното создавање. За подобрување на нејзината функционалност развиена е мобилна апликација што ја прави вистинска еколошка електронска мулти платформа и овозможува нејзино користење на сите електронски комуникациски уреди.

Logo-gef Logo-sgp Logo-undp Logo-ekosvest Logo-biosfera


Проектот „Екосфера- еколошка платформа“ е финансиски поддржан од Глобалниот еколошки фонд Програма за мали грантови ГЕФ ПМГ Македонија.